Џек Вилшер седна на клупата на поранешниот премиерлигаш

by Стефан
1 минути читање

Фудбалскиот клуб Норич Сити денеска соопшти дека го отпушта тренерот Јоханес Хоф Торуп, а заедно со него клубот го напушта и помошникот Глен Рајдерсхолм.

На негово место, како вршител на должноста главен тренер за преостанатите два натпревара во англискиот Чемпионшип, именуван е поранешниот фудбалер на Арсенал, Џек Вилшир.

Во стручниот штаб на Вилшир ќе му се приклучат Тони Робертс и Ник Стенли. Од Норич порачаа дека клубот продолжува со потрагата по трајно решение за тренерската позиција.

„Иако ова именување беше дел од нашата долгорочна стратегија и визија, за жал, последните резултати и настапи нè натераа да направиме промена. Би сакал искрено да им се заблагодарам на Јоханес и Глен – двајца исклучителни луѓе кои неуморно работеа за унапредување на нашиот клуб. Им посакуваме сѐ најдобро во нивните кариери“, изјави спортскиот директор на Норич, Бен Нејпер.

Торуп дојде во Норич на 30 мај минатата година, кога потпиша тригодишен договор со клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани