108
Ливерпул нема
проблеми на средбите со екипите од горниот дел на табелата, но избраниците на
Клоп мака мачат со противниците кои на хартија се далеку послаби.
Па и вечерва приказната
беше слична, „Црвените“ на Енфилд потешко од очекувањата со 2-1 го совладаа
Барнли.
Со голот на Барнс
во 7. минута, гостите го изненадија Ливерпул и поведоа со 0-1.
Сепак, во првата
минута од судиското надополнување, Вајналдум погоди за 1-1, а по еден час игра
Џан биеше прецизно за пресврт и победа од 2-1.