Медиумите од
Италија со месеци пишуваат дека „Нестогол“ е мета на Торино и Фиорентина, и се
најавува дека двата клуба од Серија А овој месец ќе тропнат на вратата на
Палермо со понуда за напаѓачот.
Но
„Сицилијанците“ нема лесно да се откажат од Илија Несторовски, кој неодамна
стави потпис на нов договор. Првиот човек на клубот, Маурицио Ѕампарини порача
дека 15 милиони евра нема да бидат доволни за продажба на Македонецот.
„Што ќе правиме
ако пристигне извонредна понуда за Несторовски? Ако зборуваме за 12 или 15
милиони евра, ќе ја одбиеме, тоа не е доволно” – вели контроверзниот сопственик. „Несторовски ни е потребен
за враќање во Серија А”.
„Што ако добиеме
25 милиони евра? Доколку некој на Јуве му понуди 100 милиони евра за Дибала,
тие веднаш ќе го продадат. Но ова се само претпоставки, кои не мора секогаш да бидат точни”.