Џампаоло: Го заслужив црвениот картон, му реков на судиајта дека е шу*ак

by
1 минути читање

Милан со 10 фудбалери ја победи Сампдорија на нејзин терен. Росонерите играа цело второ полувреме со играч помалку поради исклучувањето на Рафел Леао.

Џампаоло кој беше исклучен во текот на мечот, смета дека по тој црвен картон, судијата цело време судел во корист на Милан.

„По црвениот картон на Леао, кој беше чист, судијата почна да суди во една насока, како да се обидуваше да исправи нешто“, вели Џампаоло.

Секоја одлука беше против нас. Плус не можеше да судите со ароганција, треба да се справите со притисокот. Резултатот беше важен за двата тима, не само за Милан“.

„Со право ме исклучи, го нареков шупак, но не треба така да се расфрлате со картоните, треба да бидете поодговорен. Во спротивно ја губите контролата на мечот“.

„Никогаш не сум бил контроверзен со судиите, имам голема почит за нив, но ова беше судија кој не го контролираше мечот. Можеби Милан ќе победеше секако, не ме сфаќајте погрешно, но не ми се допадна неговото однесување“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК


Можно е и ова да ти се допаѓа

×