Џака му донесе победа на Арсенал против ПСВ во Лига Европа

by
1 минути читање

Поради смртта на кралицата Елизабета, дуелот меѓу Арсенал и ПСВ беше одложен во првичниот термин, па денеска се одигра.

Арсенал беше далеку подобар тим, создаде повеќе шанси за гол и на крајот заслужено победи.

Единствениот гол се случи во 71. минута кога по асистенција од Томијасу, Џака реализираше за водство од 1-0 што на крајот се покажа и како конечен резултат.

По четири одиграни кола, Арсенал е прв со 12 бодови и веќе има обезбедено место во осминафиналето од Лига Европа, ПСВ е втор со седум, Бодо/Глимт има четири на третото место, а последен без бодови е Цирих.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани