Џака ја славеше победата над Србија со контроверзен дрес, па се правдаше (ФОТО)

by
2 минути читање

На мечот помеѓу Швајцарија и Србија имаше многу тензија и инциденти, кога Душан Влаховиќ донесе предност од 2-1, селекторот Драган Стојковиќ ги опцу Албанците во швајцарската репрезентација.

Во второто полувреме, Гранит Џака се фати за меѓуножјето, потег по кој цела клупа на Србија стана а имаше и играчи кои влегоа во теренот и сакаа да се пресметата со фудбалерот на Арсенал.

Гранит Џака провоцираше и по крајот на натпреварот, победата и пласманот во осминафинале го прослави со дрес на кој пишуваше Јашари.

Прва алузија на Јашари е основачот на ОВК, Адем Јашари. Србија најави жалба до ФИФА за испраќање политички порака, па фудбалерот од средниот ред се правдаше и посочи дека дресот е во чест на неговиот помлад сонародник Ардон Јашари од Луцерн.

„Апсолутно нема никаква политичка порака. Ардон Јашари е момче кое многу ми се допаѓа. Знам како му е, и јас бев млад и сакам само да му помогнам. Му ветив дека ако постигнам гол или победиме, ќе го облечам неговиот дрес“ – рече Гранит Џака.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани