Џака и Шаќири треба да го исфрлат своето Косово за да се пласираат на ЕП!

by
1 минути читање

Гранит Џака и Џердан Шаќири ќе се најдат во неблагодарна ситуација во сабота, за да ја однесат Швајцарија на Европското првенство, ќе треба да го елиминираат Косово.

На Швајцарија ѝ е доволен бод за да го завери пласманот на континенталниот собир, а Косово само со победа може да ги задржи шансите за место на Европското првенство, секој друг резултат значи елиминација за нив.

Џердан Шаќири е роден во Косово, а од таму се и родителите на Гранит Џака, па за нив ова ќе биде меч со посебни емоции.

Тие не се единствените Косовари во репрезентацијата на Швајцарија, има уште двајца репрезентативци чии родители се од Косово, тоа се Анди Зеќири и Уран Бислими.

×