Гранит Џака откри каква казна добил откако призна дека набавил лажен Ковид-19 сертификат, фудбалерот на Сандерленд добил парична глоба од 150.000 швајцарски франци која е условна, и нема да ја плати доколку не направи ново кривично дело во следните две години.
Гранит Џака ги пропушти натпреварите против Македонија во Лигата на нации откако беше обелоденета афера со лажни ковид сертификати.
Фудбалерот платил за да добие сертификат дека бил вакциниран, и дури се говореше дека може да добие затворска казна и до пет години.
Но и како во многу други слични ситуации, казната е прилично блага.
Гранит Џака на социјалните мрежи објави дека откако признал вина, добил парична глоба од 150.000 швајцарски франци, односно 50 дневни глоби во износ од 3.000 швајцарски ранци.
Но и оваа казна е условна, односно Гранит Џака нема да плати ништо доколку не стори ново кривично дело во следните две години.
Па капитенот на Швајцарија сега ќе ги плати само судските трошоци и ќе си продолжи со животот.