Џабе им беа двата доцни погодока, Арсенал испушти бодови против Саутемптон (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Ново реми на „топчиите“,
трето во низа, овој пат дома против последнопласираниот Саутемптон.

Гостите одлично
го отворија натпреварот, поведоа веќе во првата минута со голот на Алкараз
откако голманот Рамздејл направи голема грешка. Потоа следуваше нов шок, Волкот
доби топка во фор и погоди за 0-2.

Мартинели во 20. минута
намали на 1-2 и Арсенал силно притисна, имаа неколку шанси за изедначување, но
на пауза домаќините заминаа со гол негатива.

Во продолжението
од мечот, избраниците на Артета го имаа поседот на топката, но Саутемптон беше
тој кој поведе со 1-3, Чалета Цар по еден корнер реализираше за голема радост.

И кога се чинеше
дека Арсенал ќе доживее пораз, Одегард во 88. минута прекрасно погоди од работ
на шеснаесетникот, а Сака во 90. минута ја затресе мрежата на Саутемптон за 3-3
и најави луд финиш.

„Топчиите“ со
сите сили напаѓаа, влегоа во неколку добри ситуации но не го постигнаа толку
посакуваниот погодок за победа.

По овој кикс, Арсенал
има +5 на врвот на табелата, но Манчестер Сити има два натпревари помалку и
може да се искачи на првото место на табелата.

aaa

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани