Џабе го „ругаме“ Јувентус, никој не добил толку многу пенали како Лацио (ФОТО)

by
1 минути читање

Лацио ризикуваше по само две кола од ре-старот на сезоната да се отпише од трката за Скудетото. По поразот од Аталанта, „бјанкочелестите“ вечерва имаа негатива и против Фиорентина.

Избраниците на Инѕаги сепак успеаја да направат пресврт, а во живот ги врати пенал, кој беше прилично спорен. Фудбалските љубители обично знаат да го вперат прстот кон Јувентус и да обвинат дека „бјанконерите“ добиваат помош од судиите, кои прелесно им судат пенали, особено кога не им оди.

Но никој не добил толку пенали како што доби Лацио оваа сезона. Денешниот беше број 15, и според Опта, ова е рекорд во Серија А откако тие водат ваква статистика од сезоната 2004/05.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×