Двојно поголема плата и Лига на Шампиони: Не се одбива шансата за настап во Дортмунд, па макар и на една година

by
1 минути читање

Трансфер
плановите на Борусија Дортмунд се променија откако на најскапото засилување во
историјата на клубот, Себастијан Але му беше дијагностициран рак на тестисите.

„Милионерите“ тргнаа
во потрага на нов напаѓач, се поврзуваа со неколку имиња а на крајот одлуката
падна на Антони Модест од Келн.

Вчера двата клуба
соопштија дека начелно се договориле и останува уште 34 годишниот Французин да
ги помине редовните лекарски прегледи.

Се шпекулира дека
Антони Модест ќе добие договор на само една година, но можноста да игра во
Лигата на шампиони, како и да заработува двојно повеќе (во Дортмунд ќе има
плата од 6 милиони евра, наспроти 3,5 милиони евра во Келн) не се одбива лесно.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани