Манчестер Сити е на -8 во однос на Ливерпул откако неочекувано загуби дома од Вулверхемптон. Избраниците на Гвардиола го имаа поседот на топката, постојано напаѓаа, имаа неколку добри шанси, ја погодија и рамката од голот но никако не можеа да го совладаат Руи Патрисио.
Казната за ова стигна во завршните 10 минути од мечот. Хименез повлече контра во 80. минута, Отаменди со смешен потег наивно испадна од игра, па Мексиканецот без проблем му асистираше на Траоре за 0-1.
Истите двајца коминираа и длабоко во судиското надополнување, Хименез испрати топка во фор за Траоре кој рутински го совлада Едерсон за 0-2 и големо изненадување на Етихад.
Арсенал стигна до нови три бода откако пред своите фанови со 1-0 го совлада Борнмут, а децата на Челси имаа ново импресивно издание против Саутемптон и помогнаа „сините“ да триумфираат на Сент Мерис со 1-4.