1,2K
Нови позитивни на
тестирањата за коронавирус во фудбалска Шпанија, по оние во Атлетико Мадрид
каде позитивни имаше двајца, и тоа фудбалери, овој пат идентична бројка
заразени доаѓа од Валенсија.
Од шпанскиот прволигаш денеска и официјално ја потврдија оваа вест, додавајќи дека двете
лица се веќе во самоизолација во сопствените домови, а нивниот идентитет засега
е непознат за пошироката јавност.
Претходно, Анхел
Кореа и Шиме Врсаљко беа фудбалерите кои се здобија со вирусот во редовите на
Атлетико Мадрид, меѓутоа што се однесува до Валенсија, не е познато дали
заразените се од фудбалскиот, или не-фудбалскиот персонал.