Како што пренесува весникот АС, двајца важни фудбалери на Манчестер Сити му биле понудени на Реал Мадрид, станува збор за Јошко Гвардиол и Бернардо Силва.
„Кралевите“ летоска ќе започнат нов проект, се очекува на клупата да седне Жозе Мурињо.
Останува да се види какви ќе бидат замислите на „специјалниот“ за неговиот Реал Мадрид, но како што пренесува АС, на „белите“ им биле понудени двајца важни фудбалери.
Агентите на Јошко Гвардиол стапиле во контакт со Реал и го понудиле хрватскиот репрезентативец.
Дефанзивецот подолго време е во бележникот на „кралевите“, но директорите не очекувале дека можеби ќе можат да го ангажираат.
Наводно тој не добил понуда од Манчестер Сити за продолжување на договорот, па сака да ги разгледа сите опции кои ќе ги има ова лето.
На Реал Мадрид му бил понуден и Бернардо Силва, кој е во потрага на нов клуб откако реши да го напушти „Етихад“ на крајот од сезоната.
Португалецот претходно се поврзуваше со Барселона, Јувентус и Галатасарај, но се уште нема добиено предлог кој ќе му одговара и на финансиски, и на спортски план.
Останува да се види каква ќе биде одлуката на „кралевите“, односно на Жозе Мурињо.