Двајца фудбалери на Реал Мадрид одбиле да шутираат пенали против Манчестер Сити

by
1 минути читање

Реал Мадрид
синоќа на пенали го елминираше Манчестер Сити во четвртфиналето во Лигата на
шампионите.

Херој беше Лунин
со две одбрани, но и фудбалерите останаа смирени откако Модриќ беше непрецизен
во првиот обид.

По крајот на натпреварот
беше откриено дека двајца играчи побарале да не бидат дел од првите пет
изведувачи.

„Четири или пет
минути пред крајот на натпреварот, почнав да се подготвувам и да ги пишувам
имињата на изведувачите“
– рече Давиде Анчелоти, синот на тренерот Карло
Анчелоти.

„Знам дека Џуд е
сигурен изведувач, исто акко и Лукас. Начо е играч со огрмно искуство и
карактер. Ридигер пак е играч со огромни мадиња“.

„На ум го имав и
Феде Валверде, но тој побара да не шутира бидејќи е преморен“.

Подоцна, Карло
Анчелоти откри дека и Едер Милитао побарал да не шутира бидејќи добро се
познава со голманот Едерсон, и се плашел дека лесно може да биде прочитан од сонародникот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани