Двајца Аргентинци се суспендирани за мечот со Хрватска

by
1 минути читање

На вчерашниот меч меѓу Аргентина и Холандија се делеа жолти картони како од шала, а најмногу настрадаа Акуња и Монтиел кој нема да можат да играат против Хрватска поради два жолти картони.

Маркос Акуња кој е стартер за Аргентина на левокрилната позиција, ќе го пропушти мечот со Хрватска. Тој беше човекот врз кој беше направен пеналот на вчерашниот меч со Холандија. Се очекува на местото од Акуња да игра Таљифико.

Монтиел кој беше стрелец во пенал серијата, исто така нема да игра со Хрватска поради жолти картони. Тој не е стартер во составот на Аргентина, но е важен играч за Скалони и редовно влегуваше во игра.

Полуфиналето меѓу Аргентина и Хрватска се игра во вторник од 20 часот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани