Два пати беше европски шампион, но Овиедо е нешто посебно: Ова е најважниот натпревар во мојата кариера!

by bojan
1 минути читање

Санти Казорла, кој со Шпанија два пати триумфираше на Европско првенство, вели дека реваншот помеѓу Овиедо и Мирандес во баражот за влез во Ла Лига е најважниот натпревар во неговата кариера.

На залезот од својата кариера, Санти Казорла не сакаше да ги брка арапските милиони и реши да се врати во матичниот Овиедо и практично да игра за беспари (мора да добива минималец пропишан со закон).

Неговата цел е да го однесе Овиедо до елитата, па во пресрет на реваншот против Мирандес во баражот, вели дека ова е најважниот натпревар во неговата кариера.

„Знам само една работа, ќе бидам дел од натпреварот без разлика на се“ – вели Санти Казорла, кој го пропушти првиот меч поради повреда.

„Ова е моментот кога мора да ризикувате, мора сите да изгинеме и да го направиме тој последен чекор. Јас сум на располагање, а тренерот е тој што ќе одлучи во каков капацитет ќе ме искористи“.

Офанзивниот фудбалер со Шпанија два пати триумфираше на Европското првенство но пресметката во сабота е нешто посебно.

„Да, ова е најважниот натпревар. Имам искусено многу работи, но поради работите што ги чувствувам за овој клуб, и тоа дека се ближи крајот на мојата кариера, овој натпревар е нешто уникатно. Се надевам дека ќе славиме, без разлика дали ќе играм или нема“.

ФОТО: X/Real Oviedo

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×