Два нови договори за помалку од една година и 50 пати повиска плата за младата ѕвезда на Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

На почетокот од сезоната, Мејсун Гринвуд заработуваше 800 фунти неделно, но сега е на добар пат да има 50 пати повисока плата.

Медиумите од Англија пренесуваат дека „ѓаволите“ сакаат да го наградат тинејџерот со нов богат договор според кој ќе има примања од 40.000 фунти неделно.

Ова ќе биде втор договор за помалку од една година, откако Мејсон Гринвуд во октомври, откако наполни 18 години, се обврза до 2023 и доби неделна плата од 25.000 фунти.

Младиот Англичанец одлично ја искористи укажаната доверба од Оле Гунар Солшер, блеска на терените и зад своето име има 16 погодоци во сите натпреварувања.

Тој има шанса да испише историја и да го намине рекордот на Џорџ Бест, Вејн Руни и Брајанд Кид, кои како тинејџери имаат постигнато по 17 погодоци во дресот на „ѓаволите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×