Дисциплинската
комисија при Фудбалската федерација на Италија го казни дуото на Интер, Иван
Перишиќ и Мауро Икарди со по два натпревари суспензија.
Хрватот доби
црвен картон во завршницата од средбата со Јувентус откако претера со
приговорите кон Никола Рицоли, и е казнет поради тоа што повеќе пати упатил тешки
навреди кон судијата.
Аргентинецот пак
се најде на тапет поради тоа што по крајот на средбата упатил навреди и гестови
кон помошникот, а и ја шутнал топката кон главниот судијата.
Двајцата играчи
нема да бидат во комбинација за дуелите со Емполи и Болоња.
Од таборот на
Интер соопштија дека ќе го побараат записникот на судијата и потоа ќе одлучат
дали да достават жалба.