Два гола на Меси за победа на Аргентина во Перу, пораз на Бразил од Уругвај! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Аргентина ја продолжува победничката серија во квалификациите за Светското првенство, Мартинез заврши уште еден меч без примен гол.

Херојот на дуелот со Перу, беше Лео Меси кој постигна два гола во првото полувреме за победа од 2-0. Ќе направеше и хет-трик, ја тресеше мрежата и во вториот дел, но погодокот му беше поништен поради офсајд.

За разлика од Аргентина, Бразил загуби на гостински терен од Уругвај. Дарвин Нуњез во финишот од првото полувреме погоди за водство на домаќините од 1-0, а напаѓачот на Ливерпул во 77. минута асистираше до Де ла Круз за конечни 2-0.

Венецуела беше најубедлива откако со 3-0 го победи Чиле, Парагвај со 1-0 ја совлада Боливија, а немаше погодоци на мечот меѓу Еквадор и Колумбија.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани