191
Роналд Куман
полека но сигурно ги склопува коцките во составот на Барселона, а првично од
тоа што може да се забележи е дека веројатно ќе има место за Филипе Кутињо во
неговите планови.
Бразилецот и
синоќа беше стартер, а освен тоа го постигна и водечкиот гол за Каталонците,
сепак, свое шоу имаше Лионел Меси кој запиша два погодоци, од кои едниот беше
навистина посебен, и тоа со десна нога, што не е голема специјалност кај
Аргентинецот.
Вечерва (20ч.)
Барселона ќе ги одмери силите со Елче, за веќе идната недела со пресметката
против Вилјареал на домашен терен да тргне и во настапите во новата сезона
Примера.