96
Аргентинецот
денеска го слави својот 29. роденден и не можеше да добие подобар подарок.
Анхел Ди Марија со два гола го предводеше ПСЖ до голема победа од 4-0 над
Барселона во првиот натпревар од осминафинелто во Лигата на Шампионите.
„Да се победи
Барса со 4-0 на мојот роденден, тоа е неверојатно” – вели поранешниот играч на Реал
Мадрид.
„Сите сме многу
среќни. Го одработивме она што тренерот го побара, имавме перфектен натпревар. Не
можевме да замислиме подобра вечер”.
„За да продолжиме
во четвртфинале мораме да одиграме на ваков начин и во Барселона”.
„Денеска
постигнавме четири погодоци, но и тие можат да постигнат четири на реваншот”.