Два гиганти му нудат едномесечен договор на Роналдо!?

by riste
0 минути читање

Два големи клуба се подготвени да го ангажираат Кристијано Роналдо за настап на Светското клупско првенство.

Се шпекулира дека Челси и Манчестер сити му нудат на Роналдо едномесечен договор за настап на клупскиот турнир кој ќе се одржи од 15 јуни до 13 јули.

Ал Наср не е дел од Светското клупско првенство, а Роналдо не би сакал да го пропушти турнирот на кој ќе биде и Лео Меси со Интер Мајами.

Се верува дека Роналдо би бил отворен кон една ваква идеја.

Фото: Al-Nassr FC/FB

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани