Килијан Мбапе
минатиот месец го извести ПСЖ дека нема да ја активира опцијата за продолжување
на соработката до јуни 2025 година и предизвика земјотрес во Париз.
Како казна за
ваквиот потег, напаѓачот беше изоставен од турнејата на Далечниот Исток и
продолжува да тренира одвоено од првиот тим.
Се говори дека Шеикот
од Катар наредил Килијан Мбапе да не одигра ниту една минута во новата сезона,
но и покрај тоа, напаѓачот го известил Ал Келаифи дека нема да ја продолжи
соработката, ниту пак ќе направи трансфер ова лето, сака само да ја одработи
последната година од договорот.
И додека
многумина пишуваат за тоа дека Килијан Мбапе со седење ќе заработи огромна
сума, весникот Ле Монд ја објаснува другата страна на приказната.
Одлуката да не го
продолжи договорот со ПСЖ го чини напаѓачот речиси 200 милиони евра, или поточно
199,5 милиони евра.
Килијан Мбапе се
откажува од 60 милиони бонус за потпис, бонус за лојалност од 55 милиони евра,
уште еден бонус од 9,5 милиони евра и плата од околу 75 милиони евра.
Ле Монд додава
дека за оваа сезона сумата е 178 милиони евра, односно бонус за потпис од 73 милиони евра кој ќе биде платен на две рати, бонус за лојалност од 30 милиони
евра и плата од 75 милиони евра.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.