Друга страна на приказната, полицајците го удирале Мегваер во нога и му порачале: Ти заврши кариерата!

by
1 минути читање

Откако
обвинителот откри што се случувало вечерта на Миконос и инцидетот по кој Хари
Мегваер заврши во притвор, адвокатот на играчот ја кажа другата страна на
приказната.

Тој раскажа дека двајца
Албанци и пришле на сестрата на Хари Мегваер, Дејзи. Тие и вшприцале непозната
течност и таа се онесвестила.

Хари Мегваер и
неговите другари барела да бидат однесени во болница, но наместо тоа, биле
однесени во полициска станица. Таму, полицајци го удирале фудбалерт во нога и
му порачале: „Ти заврши кариерата!“

Капитенот на Манчестер
јунајтед не присуствуваше на судскиот процес. Oткако изминатиов викенд беше пуштен
на слобода, тој се врати во Британија. Против него се покренати обвиненија за
физички напад, навреда и нудење мито. Тој се изјанил како невин по сите точки
од обвинението.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×