168
Со два гола на Роналдо, Јувентус го победи Лацио со 2-1. Португалецот стана првиот играч во историјата кој постигнал 50 или повеќе погодоци во Премиерлигата, Ла Лига и Серија А.
Тој успеа и најбрзо да дојде до бројката од 50 голови во Серија А, му успеа за 61 меч. Претходниот рекорд го дрежеше Шевченко кој дојде до јубилејот од 68 меча.
Дресот на Роналдо од овој натпревар заврши кај Никола Секулов кој игра за младинскиот тим на Јувентус.
Секулов е роден во Пјаченца од родители Струмичани. Има настапи за македонските селекции до 15, 16 и 17 години. Но играше и за италијанските до 17 и 18.
