Драма во Загреб: Фрлена бомба врз домот на агентот на Дани Олмо

by Стефан
1 минути читање

Како што пренесуваат хрватските медиуми врз куќата на поранешниот фудбалер, а сегашен агент, Енди Бара била фрлена бомба.

Инцидентот се случил некаде пре еден часот по полноќ кога непознато лице фрлило експлозивна направа во домот на поранешниот фудбалер.

За среќа повредени немало и се завршило само со материјална штета и полицијата излегла на местото на настанот.

Бара во кариерата како фудбалер настапуваше во Шпанија каде што беше дел од јуниорскиот тим на Валенсија, Динамо, Легија и Знич од Полска.

Сепак, многу повеќе се прослави подоцна како застапник на други фудбалери. Како една од неговите најдобри работи во кариерата се истакнува доведувањето на Дани Олмо од младинскиот погон на Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани