Иако претседателот на Фенербахче, Азиз Јилдирим, јавно порача дека не ја прифаќа оставката на тренерот Исмаил Картал, драмата во турскиот гигант доби ново продолжение.
Искусниот стратег денеска не се појави на тренингот на екипата, а според информациите од Турција, во целост ги прекинал контактите со раководството на клубот.
Турскиот новинар Јагиз Сабунџуоглу објави дека Картал ги исклучил мобилните телефони и во моментов е целосно недостапен за челниците на Фенербахче. Поради неговото отсуство од клупскиот камп, денешниот тренинг морале да го водат Дирк Кајт и Зеки Ѓоле.
Картал, наводно, одлуката да си замине ја донел веднаш по натпреварот од Лигата на шампионите против Рома, кој заврши 1:1. Тренерот бил особено потресен по инцидентот на трибините, кога навивач на Фенербахче го погодил со шише во главата.
Дополнителен притисок врз искусниот тренер создал и слабиот старт на сезоната во турското првенство.
Иако претседателот Јилдирим во изјава за медиумите порача дека Картал е под голем стрес, но дека останува на клупата, ситуацијата очигледно е далеку од решена.
Картал со своето отсуство од денешниот тренинг и исклучувањето на телефоните практично покажа дека останува на ставот што го изнесе по натпреварот, дека повеќе нема намера да се враќа на клупата на Фенербахче.