Драма во домот на поранешниот фудбалер на Интер – завршил во болница со изгореници!

by Стефан
1 минути читање

Поранешниот капитен на бразилската репрезентација и една од легендите на светскиот фудбал, Лусио, е хоспитализиран откако се здобил со изгореници во семеен инцидент, пренесува „Глобо“.

Иако не се соопштува степенот на повредите, од болницата потврдуваат дека 47-годишниот поранешен дефанзивец е во стабилна состојба и целосно свесен. Лусио е под постојан медицински надзор и добива специјализиран третман за изгореници.

„Пациентот е стабилен, комуникативен и е под континуирана грижа на стручен медицински тим“, стои во краткото соопштение на болницата.

Лусио во текот на кариерата носеше дресови на реномирани клубови како Баер Леверкузен, Баерн Минхен, Интер и Јувентус, а со Бразил ја освои светската титула на Светското првенство во 2002 година. Последен пат се појави на фудбалските терени во 2019 година, ставајќи точка на повеќе од две децении активна кариера.

Фото: Inter FC/X

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани