Драма во Англија: Сандерленд со пресврт и гол во 95. минута се врати во Премиер лигата!

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Сандерленд успеа со целосен пресврт да обезбеди промоција во најсилната англиска лига, победувајќи го Шефилд во вистинска драматична завршница на „Вембли“ со 2-1.

Иако Шефилд беше подобар противник во најголемиот дел од натпреварот, со повеќе шанси и дури еден поништен гол кој предизвика многу полемики, на крајот останаа празни раце. Можеше да биде 2-0 во нивна корист, но наместо тоа, загубија со 2:1.

Шефилд го диктираше темпото и постојано се закануваше од самиот почеток, додека Сандерленд делуваше безидејно и далеку од опасна зона. Сепак, во 25. минута Густаво Хамер демонстрираше брзина и визија, проби по левата страна, одлично го пронајде Кембел кој ефектно ја затресе мрежата за водство од 1:0.

Девет минути подоцна, по изведен корнер, Бароуз погоди со волеј удар, но ВАР интервенцијата покажа дека еден фудбалер на Шефилд го попречувал Патерсон и се наоѓал во офсајд, погодокот беше поништен.

Голманот Патерсон се издигна како херој на Сандерленд, со неколку клучни интервенции, а потоа следеше класичен фудбалски пресврт. Во 76. минута, брза акција на „црните мачки“, Робертс го проигра Мајенда, кој со прецизен удар од десната страна погоди за израмнување на 1-1..

Кога сите очекуваа продолженија, Сандерленд ја искористи грешката на противникот. Во длабокото судиска надополнување, Ватсон ја презеде топката по кикс на напаѓачот на Шефилд, тргна напред и со прецизен удар ја смести топката во мрежата доволно за голема радост.

Фото: Sunderland AFC/X

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани