Драма на Олимпико: Рома со два гола во судиското продолжение го победи Лече! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Работите можеа да бидат многу поедноставни за Рома, но Лукаку во петтата минута промаши пенал, голманот Фалконе го одбрани неговиот удар.

Во воведниот дел од мечот Рома пропушти уште неколку шанси преку Дибала и Лукаку. Лече се обидуваше од контра напади.

Казната за промашеното за Рома стигна во 72. минута кога Алмквист даде гол за водство на Лече од 1-0.

Рома не успеа брзо да се врати во игра и се чинеше дека ќе го загуби мечот, но потоа следуваше неверојатна завршница.

Во 91. минута по центаршут на Залевски, Азмун погоди со глава за израмнување на 1-1.

Три минути подоцна Дибала додаде до Лукаку кој убаво се загради и постигна гол за комплетен пресврт и победа на Рома од 2-1. Лукаку од трагичар поради промашениот пенал, испадна херој.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×