2,4K
Манчестер јунајтед
испушти два бода, Евертон погоди во последните секунди од мечот и ги остави
избраниците на Солшер без победа.
Во драматичен меч
на Олд Трафорд, Кавани донесе водство од 1-0, а пред истекот на првиот дел,
Бруно Фернандеш погоди прекрасно за 2-0.
Сепак, на стартот
од вториот дел, Дукуре намали на 2-1, а Хамес Родригез биеше прецизно по земја
за 2-2 во 51. минута.
„Ѓаволите“ со
голот на Мектоминеј се вратија во предност, но последниот збор го имаа „карамелите“.
Длабоко во
судиското надополнување, вo последната акција од мечот, Калверт Луин по еден
прекин го совлада Де Хеа за 3-3 и поделба на бодовите.