Драма каква ретко се гледа, Интер прокоцка победа против Сасуоло (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Натпреварот почна лошо за Интер, Капуто уште во четвртата минута постигна гол за водство на Сасоуло од 1-0. Но беше рано во натпреварот, домаќините имаа време да се вратат.

До крајот на првиот дел успеаа да направат пресврт, Лукаку во 41. минута од пенал израмни на 1-1, а Бираги во судиското продолжение од првото полувреме погоди за комплетен пресврт и водство на Интер од 2-1.

Тој резултат беше актуелен се до 81. минута кога Берарди од пенал изедначи на 2-2, немаше уште многу време за Интер.

Во 86. минута по едно нафрлување на Кандрева во шеснаесетникот од слободен удар, Борха Валеро погоди за водство на Интер од 3-2, сите помислија дека нероазурите се спасија и дојдоа до победата, но не беше така.

Само три минути подоцна лоша реакција на одбраната на Интер, Мањани погоди за конечни 3-3.

Во судиското продолжение Шкрињар беше исклучен од игра откако доби втор жолт картон.

Со ова реми Интер полека ги губи шансите за скудетото кои и онака не беа многу големи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×