Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) донесе драстична одлука против прволигашот Шибеник поради неисполнување на договорите за исплата на долгови кон поранешните тренери, што ја доведе екипата до сериозна казна.
Одлуката на Арбитражниот суд на ХНС е таква што клубот ќе биде казнет со одземање на по два бода по секој меч до крајот на сезоната, што практично го става Шибеник на пат да испадне од најсилната конкуренција, бидејќи се наоѓа на последното место и без оваа казна.
Што точно се случило? Арбитражниот суд на ХНС донесе пресуда против Шибеник, наложувајќи му да исплати долгови на поранешните тренери, Марио Цвитановиќ и Дамир Чанади. Долговите изнесувале нешто помалку од 400.000 евра, а клубот се договори со тренерите за исплата. Сепак, Шибеник не го испочитувал договорот и набрзо следувала пријава од страна на тренерите до Дисциплинската комисија на ХНС.
Како што јавуваат „Спортске новости“, Дисциплинската комисија на ХНС донела конечна одлука за казнување на Шибеник со одземање на два бода по натпревар. Ова значи дека од секој натпревар тимот ќе губи по два бода.
Шибеник го пропуштил рокот за жалба и одлуката станала правосилна. Долгот кон Цвитановиќ и Чанади останува на сила, а тоа значи дека жалбата на клубот не била усвоена од страна на Комисијата за жалби на ХНС.
Доколку не ја исплати побарувачката во меѓувреме или не постигне нов договор, Шибеник ќе продолжи да губи по два бода по секој натпревар. Првата казна ќе се применува на следниот натпревар против Горицa во понеделник, кога ќе може да освои само еден бод, дури и ако победи.