Поранешниот спортски директор на Реал Мадрид, Ариго Саки смета дека Карло Анчелоти не треба да биде главен виновник за сезоната на „кралевите“, вели дека одговорност има и кај Флорентино Перез и кај Килијан Мбапе.
По елиминацијата на Реал Мадрид од Арсенал во Лигата на шампиони, се почесто се говори дека Карло Анчелоти ќе го напушти клубот.
Но со ова не се сложува Ариго Саки, поранешниот спортски директор на „кралевите“ смета дека одговорност ими и кај претседателот Флорентино Перез, и кај првата ѕвезда Килијан Мбапе.
„Знам дека ова е дел од фудбалот, но жал ми е кога гледам како сите го критикуваат Карло Анчелоти и го посочуваат како главен виновник за елиминацијата во Лигата на шампиони“ – вели Ариго Саки.
„Дали овие луѓе знаат кој е Карло Анчелоти? Дали знаат што се тој има освоено? За мене, тој е вистински мајстор на фудбалот, не само поради трофеите кои ги има освоено, туку и поради неговите човечки квалитети“.
„Реал Мадрид треба два пати да размисли, би рекол и три пати, пред да одлучи да се раздели со тренер како Карло Анчелоти“.
Саки потоа додава: „Видете само колку проблеми има со повредите оваа зеозна, колку само натпревари одиграа без прав централен дефанзивец. Исто така, купија напаѓач (Мбапе) кој требаше да биде феноменален, но воопшто не игра така“.
„Добро знам како функционираат работите во Реал Мадрид и како се однесува Флорентино Перез. Тој е одличен претседател, но премногу се фокусира на офанзивните фудбалери. За да го убедам да го купиме Серхио Рамос ми беа потребни дури три месеци, тој не сака ниту да погледне дефанзивци“.