Ливерпул се надеваше дека пред своите навивачи ќе успеа да го победи Баерн Минхен и со водство да го почне натпреварот во Германија, но тоа не се случи. Утеха за нив може да биде фактот што не примија гол, па во реваншот ќе им одговара и реми со погодоци.
Ливерпул имаше доволно шанси во првото полувреме да даде гол, Мане промаши неколку убави прилики за погодок. Во вториот дел тимот на Клоп продолжи да се обидува, но Баерн Минхен играше дисциплинирано и не дозволуваше посериозни шанси за домаќините.
На крајот нерешениот резултат без голови е и реален на случувањата на теренот.
Идентично беше и во Лион каде домаќините играа против Барселона која беше фаворит во овој дуел.
Барселона имаше повеќе од играта создаде повеќе прилики за гол, но и Лион имаше свои можности за победа. Патникот во четвртфиналето ќе се решава на Камп Ноу.