По авантурата во Сепси, Романија, македонскиот напаѓач Доријан Бабунски се врати во унгарското првенство, стави потпис на договор со Ниреѓихаза Спартак.
Бабунски стави потпис на двегодишен договор со унгарскиот клуб.
„Многу сум среќен што доаѓам тука. Една од моите најдобри сезони во кариерата беше токму во Унгарија и голема чест ми е сега што ќе можам да играм и да се борам за Ниреѓихаза. Фантастично сум пречекан од клубот, стручниот штаб и соиграчите. Сакам да им се заблагодарам на сите во клубот и не можам да дочекам да се запознаам со фановите на стадионот“, рече Бабунски на претставувањето.
Претходно во Унгарија тој настапуваше за Дебрецин во сезоната 2022/23.
Во Ниреѓихаза минатата полусезона настапуваше Дарко Велковски.