Дориев е еден од најдобрите во Узбекистан, доби и ново признание

by Стефан
0 минути читање

Македонскиот фудбалер Љупчо Дориев продолжува да блеска во Узбекистан, каде што се наметна како еден од најдобрите фудбалери во првенството.

Од стартот на сезоната, поранешниот напаѓач на Шкендија и Академија Пандев (Брера) постигна 14 погодоци и додаде пет асистенции, што му го донесе второто место на листата на стрелци, како и признание за „гол на месецот“.

Сега, Дориев доби и нова потврда за својата извонредна форма, избран е за играч на месецот во узбекистанската Премиер лига, чест што дополнително го зацврстува неговиот статус меѓу најдобрите фудбалери во земјата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×