Дориан Бабунски се промовира во Нирегихаза со гол на дебито! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
0 минути читање

Дориан Бабунски имаше дебитантски настап за Нирегихаза и веднаш се запиша во листата на стрелци. Македонскиот напаѓач вчера го официјализираше трансферот во унгарскиот клуб, а денеска ги одигра првите минути во пријателскиот меч против Локомотива Загреб кој се одигра во Словенија.

Бабунски влезе во игра во второто полувреме и не му требаше многу за да се претстави во вистинско светло, го постигна првиот погодок за својот нов клуб.

Нирегихаза и Локомотива Загреб одиграа нерешени 1-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×