Италија во еден момент губеше со 5-0, но со голови на Њонто и Бастони дојде до 5-2. Џиџо Донарума кој беше и капитен на овој натпревар, пет пати ја вадеше топката од мрежата.
„Лути сме. Нема оправдување, треба да излеземе на теренот на следните мечеви и да докажеме дека ова не бевме ние. Едноставно нема оправдувања“, вели Донарума.
„Ни недостасуваше се. Имаше и умор по четири натпревари за 15 дена и дека е на крај од сезоната, но не сакаме да бараме алиби. Треба да се погледнеме во очи и да анализираме“.
„Навистина сме разочарани за фановите, за тоа што го видоа вечерва. Имавме неколку шанси, но не беше доволно. Ќе анализираме се“.
„Сите правевме грешки, можев подобро да реагирам на ситуацијата за 4-0 и да ја шутнев топката, но учите од грешките и напредувате. Треба само да се одмориме, и да се вратиме многу посилни од ова“.
Потоа следуваше една констатација од новинарот која не му се допадна на Донарума, му рече дека не му е првпат да има проблем со вратена топка. Голманот не ја прими најдобро критиката.
„Кога се случило тоа претходно? Кога бев фаулиран против Реал Мадрид? Доколку сакаме да креираме контроверзи за овие работи, тогаш во ред, јас сум тука да зборувам за тимот. Доколку сакате да ме обвинувате мене, добро, ќе прифатам, јас сум капитен и продолжувам да бранам со крената глава. Мислам дека се обидувате да креирате нешто од овие грешки, во ред“.