Донарума ќе биде прв голман, ПСЖ ја одреди цената за Кејлор Навас

by
0 минути читање

Во минатата сезона под водство на Покетино, Донарума и Навас ги делеа натпреварите. Тоа креираше ривалство и незадоволство кај двајцата, па ситуацијата мораше да биде решена.

За следната сезона е одлучено Џиџо Донарума да биде прв голман. Кејлор Навас ќе биде продаден, а ако нема купувач за него, тој ќе ја грее клупата на најголемиот дел од натпреварите.

Според „Л’Екип“, ПСЖ ја одредил цената за Навас, тие бараат 10 милиони евра за да го продадат голманот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани