Донарума доби свирежи на Сан Сиро, Спалети му порача: Не биди разгалено дете, наведни ја главата и напорно работи

by
1 минути читање

Џиџо Донарума не
е омилен лик помеѓу навивачите на Милан, кои не му го проставуваат предавството
и одлуката беспари да го напушти клубот за преселба во ПСЖ.

Па на синоќешниот
натпревар помеѓу Италија и Украина на Сан Сиро, добар дел од публиката го
свиреше голманот.

Соиграчите од
репрезентацијата му дадоа поддршка на Џиџо Донарума, но селекторот Лучано
Спалети се реши за малку поинаков пристап.

„Ние сме
привилегирани, ако некој ни свири, тоа значи дека не сме заслужиле аплауз“

вели предводникот на „аѕурите“.

„Секој реагира
различно на ова, некои реагираат со однесување, некои со зборови. Трети пак
молчат и продолжуваат да работат уште понапорно. А најмногу ме нервираат оние
кои реагираат на социјалните мрежи со ситни коментари. Имаме должност да се
однесуваме како професионалци, а не како разгалени деца. Треба да ја наведнеме
главата и да ги засукаме ракавите“.

„Штом ни свират,
веројатно виделе нешто погрешно“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани