Домино ефект: Откако Баерн го „капариса“ Ким, двајца други дефанзивци прват трансфер

by
1 минути читање

Домино ефект на
трансфер пазарот, се почна со трансферот на Ким Мин Џае во Баерн Минхен.

Откако „баварците“
го капарисаа фудбалерот од Јужна Кореја, Лукас Ернандез доби зелено светло да
замине и попладнево пристигна во Париз.

Французинот треба
да се пресели во ПСЖ во зделка вредна околу 48-50 милиони евра. Веќе е
постигната согласност за личните услови и соработка до 2026 година, па останува
уште да се поминат редовните лекарски прегледи и да се стави потпис на
документите.

Во исто време
Астон Вила си подаде рака со Виљареал за трансфер на Пау Торес вреден околу 40
милиони евра.

Шпанецот подолго
време е мета на гигантите ширум Европа, па откако се пополнија местата во Париз
и Минхен, тој реши да го прифати амбициозниот проект на Унаи Емери и Астон
Вила.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани