180
Новинарот на „Спорт“, Серџи Капдевила пишува за иднината на Барселона, која е долгорочната цел на каталонскиот гигант.
Според него стратегијата е многу јасна со продолжувањето на договорите на Ламин Јамал до 2031 и Ханси Флик до 2027 година.
Главниот дел од тимот ќе го сочинуваат сега младите фудбалери кои добија продолжување на договорите како што се Кубарси, Фермин, Касадо, Гави, Балде, Форт, Бернал и другите. Сите тие имаат огромни откупни клаузули за да не можат да заминат едноставно.
Барселона околу овие фудбалери ќе ја гради иднината, тие треба да бидат срцето и душата на тимот во годините кои доаѓаат.