Докторот на Динамо Букурешт ги разреши дилемите, се огласи и Едгар Ие (ФОТО)

by bojan
1 минути читање
Едгар Ие

По неверојатната приказна со трансферот на Едгар Ие во Динамо Букурешт и неговиот брат близнак, клубот од Романија појаснува дека нема вистина во написите, а докторот на клубот ги разреши сите дилеми.

Денеска се пишуваше за најголемата измама во модерниот фудбал, наводно поранешниот играч на Барса, Едгар Ие потпишал со Динамо Букурешт во февруари, но го пратил неговиот брат близнак Еделино да игра во клубот од Романија.

Веста брзо го обиколи светот на фудбалот, но попладнево пристигна демант од таборот на Динамо Букурешет.

Докторот на клубот ги рарзреши сите дилеми, вели дека лузната на коленото како резултат на опереција по скинати лигаменти е доказ дека Едгар Ие е тој што го носи дресот на Динамо Букурешт.

Во меѓувреме се огласи и самиот Едгар Ие, кој на социјалните мрежи спореди пост од португалскиот весник Рекорд за наводниот скандал, и стави емоџи со „плаче од смеење“.

Едгар Ие Инстаграм

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани