Докторите открија каква е состојбата на натепаниот судија Халил Умут Мелер

by
1 минути читање

Срамниот инцидент
на синоќешниот натпревар помеѓу Анкарагучи и Ризеспор, утрово е топ тема во
светот на фудбалот.

Фудбалот во
Турција е суспендиран на неодредено време, Фарук Коца беше изнесен пред
обвинител, и по дадената изјава беше пренесен во затвор.

Халил Умут Мелер
е во болница, а докторот Мехмет Јорубулут откри каква е состојбата на
натепаниот судија.

„Крварењето во
левото око почна да се намалува. Фрактурата на лицето ќе зарасне. Утрово
направивме снимки на главата, нема оштетување на мозокот. Нема да има и трајно
оштетување на окото“
– брифираше докторот.

„Утрово, крвниот
притисок малку му се зголеми, но тоа е од стресот по инцидентот. Успеавме да го
ставиме под контрола. Ќе продолжиме да го следиме во текот на денот, веројатно утре
ќе го пуштиме на домашно лекување“. 

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×