Докторите одлучуваат дали Касерес ќе потпише за Милан

by
1 минути читање

Успешно завршија вчерашните преговори помеѓу Адриано Галијани и поранешниот дефанзивец на Јувентус, Мартин Касерес кој сега е слободен фудбалер.

Но, пред да стави потпис на договор, Мартин Касерес треба да докаже дека физички е подготвен да му помогне на Милан во преостанатиот дел од сезоната.

Тој утринава пристигнал во медицинскиот центар на Милан каде што ќе му бидат извршени серија тестови по кои ќе се знае неговата иднина.

Касерес последниот меч го одигра точно пред една година кога ја повреди ахиловата тетива на 3. февруари на мечот помеѓу Јувентус и Џенова и од тогаш нема играно. Токму затоа медицинските тестови се од големо значење за потпишување на договорот.

По крајот на минатата сезона тој стана слободен играч и како таков може да потпише договор со Милан и надвор од преодниот рок.

Милан е во дефанзивна криза по повредите на Антонели, Де Шиљо и Калабрија, па во Касерес го побараа решението за преостанатиот дел од сезоната.

Во текот на денот се очекува да се знае дали поранешниот играч на Јуве ќе го облече дресот на Милан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани