Ренато Санчез
важеше за еден од најталентираните фудбалери во својата генерација, Баерн
Минхен го ангажираше во 2016 година во зделка вредна околу 80 милиони евра,
односно фиксни 35 милиони евра, плус додатни 45 милиони евра во бонуси.
Но фудбалерот од
средниот ред никогаш не блесна во право светло, една од причините е честите
повреди.
Пред неколку
месеци, Жозе Мурињо изјави дека никој не разбира зошто Ренато Санчез толку
многу се мачи со повреди, на ова прашање немале одговор ниту во Баерн, ниту во ПСЖ а ниту сега во Рома.
Кога докторите не
можат да му помогнат, Португалецот се решил за алтернативни методи, весникот
Република излезе со неверојатна сторија и објави дека Ренато Санчез побарал
помош од бајач, смета дека некој го проколнал.
По ваквите написи,
Ренато Санчез се огласи на социјалните мрежи и ја објасни својата страна на
приказната.
„Никогаш не сум
кажал дека сум посетил бајач, едноставно имав добар розговор со поранешен
соиграч (Иконе од Фиорентина). Разменивме зборови на неколку теми бидејќи секогаш сме имале добар однос, и
само кажав дека можеби некој ме има проколнато или нешто слично…“ – напиша Португалецот
на Твитер.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.