Мет Доерти е позитивен на ковид-19, мора да биде во изолација десет дена, а тоа значи дека нема да биде во комбинација за дербито против Манчестер Сити.
Жозе Мурињо не е фан на паузите за репрезентативни натпревари, особено не кога тие доаѓаат пред важни мечеви за него како сегашниот против Манчестер Сити.
Откако дозна дека Доерти е позитивен, Португалецот на ироничен начин преку пост на својот инстаграм профил го кажа своето мислење.
„Неверојатна фудбалска недела. Големи емоции во националните тимови, супер пријателски натпревари и тотална безбедност. Ковид резултати по мечевите кои се одиграа, случајници трчаат на терените додека траат тимските тренинзи и уште многу повеќе. По уште еден тренинг со само шест фудбалери, време е да се погрижам за себе“, напиша Мурињо.