ПСЖ испрати
неколку понуди до Ајнтрахт Франкфурт за да го ангажира Коло Муани, но „орлите“ одбиваат
да го продадат напаѓачот за помалку од 90-100 милиони евра.
Французинот веќе
се договори со „светците“, па со цел да изнуди трансфер, одби да тренира и отпатува
во Париз.
И додека се чека
да биде пронајден компромис, ПСЖ договори ново засилување за офанзивната
линија.
Неколку извори
пренесуваат дека шампионот на Франција си подал рака со Лион за трансфер на
Бредли Баркола вреден 45 милиони евра, плус додатни 5 милиони евра во бонуси.
Останува да се
види дали по оваа зделка ПСЖ ќе се откаже од Коло Муани, или пак ќе се врати со
нова подобра понуда. Одредени извори пишуваат дека со овие две зделки се
подготвува терен за заминување на Килијан Мбапе.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.